Рафаел Надал во два сета загуби со 3-6 и 3-6 од Карлос Алкараз во полуфиналето на спектаклот „Слем на шесте крала“ во Саудиска Арабија.
По мечот, Надал истакна дека едноставно не можел ништо повеќе против тениско ‘животно’ какво што е во моментов Алкараз.
„За мене беше голема чест да играм полуфинале против Алкараз. Тој играше предобро, јас се обидов да парирам, но не можев повеќе против едно вакво животно!“ – рече Надал и дополни:
„Едноставно се остварува тоа што се најавуваше. Уште пред многу време ми кажуваа дека доаѓа момче од Шпанија кое има дарба од Бога и кога за првпат трениравме во Австралија, веднаш сфатив дека поседува нешто што го немаат другите. Сето тоа веќе му е јасно и на целиот свет“.
Надал за појавувањето на турнирот во Ријад доби 1,5 милиони евра, а исто толку заработи и Новак Ѓоковиќ кој во второто полуфинале загуби од Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА