Шпанецот Рафаел Надал ќе игра во финалето на Мастерсот во Рим откако во полуфиналната пресметка славеше во два сета против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Надал го победи Ѓоковиќ со 7-6,6-3 по нешто помалку од два часа игра.
Во битката за нова титула шпанскиот тенисер ќе се бори против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Марин Чилиќ и Александар Зверев.
Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 4,8 милиони евра, а титулата ја брани Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА