Цела Шпанија е во шок по страшната поплава што се случи во текот на денешниот ден во Мајорка, во која неколку лица го загубија својот живот.
Помош стигнува од сите страни, а еден од првите кои се огласија беше Рафаел Надал, кој ги отвори вратите на својата тениска академија за оние чии домови беа оштетени за време на несреќата. Покрај тоа, славниот тенисер веднаш допатува назад во својот роден град за да им помогне на сограѓаните во санирањето на дел од проблемите што експресно се појавија во повеќе делови од Мајорка.
„Ова е мојот град и секако дека ќе сторам се што можам да помогнам“ – кратко искоментира Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА