Рафаел Надал продолжува со убедливите победи на последниот грен-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос. Шпанецот во денешното осминафинале си поигра со младиот Американец Себастијан Корда совладувајќи го со максимални 3-0, по сетови 6-1, 6-1 и 6-2. 12 кратниот шампион од Париз во ниту еден момент не му даде ни најмала шанса за нешто повеќе во мечот на младиот тенисер кој во неколку наврати потенцираше дека Шпанецот е негов идол.
Во четвртфиналето популарниот Рафа за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Германецот Александар Зверев и младиот италијански тенисер Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА