Надал прокоцка два сета, Циципас во полуфиналето на Австралија опен

Стефанос Циципас стигна до најголемата победа во својата кариера откако успеа по пресврт да слави со 3-2 (3-6, 2-6, 7-6, 6-4 и 7-5) над Рафаел Надал. Шпанецот рутински ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2.

Гркот се препороди во продолжението и заигра неверојатно успевајќи да ги освои следните три и да се пласира во полуфиналето каде ќе игра со Русинот, Данил Медведев. Ова е само вторпат во кариерата Надал да изгуби предност од 2-0 на грандслам турнирите, а претходно тоа се случи во 3. коло на УС опен во 2015 година кога загуби од Италијанецот, Фабио Фоњини.

Се вчитува...