Рафаел Надал ќе ја почне одбраната на титулата на УС Опен со пресметка против добро познат ривал – сонародникот Давид Ферер. Формата на шпанскиот ветеран во последно време се движи во надолна линија, но Надал сигурно е свесен дека не смее да го потцени Ферер, од кого има претрпено шест порази во кариерата (наспроти 24 победи).
Роџер Федерер во првото коло ќе се сретне со Јапонецот Нишиока, додека Новак Ѓоковиќ ќе го почне настапот во Њујорк со дуел против Фуксович. Доколку двајцата фаворити ги минат своите пречки, Федерер и Ѓоковиќ би можеле да се сретнат веќе во четвртфиналето од овој гранслем турнир.
Многу интересно уште на стартот треба да биде на пресметката меѓу Григор Димитров и Стен Вавринка, дуел што дефинитивно е „дерби“ на првото коло од УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА