Рафаел Надал единствено мораше малку повеќе да се потруди во воведниот сет од полуфиналната пресметка против Матео Беретини. Спаси два сет поена, го доби сетот со 7-6 и потоа ја презеде контролата, во вториот сета беше подобар со 6-4, додека во третиот загуби само еден гем.
Во битката за трофејот, Надал кој веќе има три трофеи од УС Опен, во неделното финале ќе се соочи со Русинот Данил Медведев. Тој забележа полуфинален триумф над Григор Димитров со 3-1 во сетови.
Во женското финале закажано за денеска, Серена Вилијамс во обидот да дојде до 24. грен-слем титула во кариерата ќе се бори против дваесет години помладата Канаѓанка во подем, Бјанка Андреску.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА