Надал прв му честиташе на Алкараз: Уживај во моментот шампионе

Феноменалниот Карлос Алкараз го детронизираше Новак Ѓоковиќ кој десет години немаше пораз на „Централниот терен“ на Вимблдон, откако во финалето во крајно интересен натпревар славеше со 3-2, по сетови 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4.

Веднаш по освојувањето на титулата му честиташе неговиот сонародник Рафаел Надал.

„Честитки за Карлос Алкараз. Денес ни даде причина да се радуваме и покажа дека си пионер на шпанскиот тенис, а Маноло Сантана сигурно навиваше за тебе каде и да е сега. Голема прегратка за тебе и уживај во овој момент шампионе “, напиша Надал. 

Се вчитува...