Надал прв му го честита историскиот успех на сонародникот Алкараз! (ФОТО)

Младиот тинејџер од Шпанија, Карлос Алкараз доби илјадници честитки по синоќешната победа над Каспер Руд (3-1) во финалето на „Ју-Ес опен“ со што дојде до првата гренслем-титула и првото место на АТП-листата.

Карлост воедно стана и најмлад во историјата, а меѓу првите што се израдуваа на неговиот успех беше сонародникот, Рафаел Надал.

„Карлос, големи честитки за твојата прва гренслем-титулата и првото место кое е кулминација на твојата прва фантастична сезона, а сигурен сум дека следат уште многу вакви“, напиша Надал веднаш по финалето во Њујорк.

Шпанскиот ветеран испадна уште во осминафиналето по поразот од Френсис Тиафо, што го отстрани од битката за светски рекет број еден, но и покрај тоа тој покажа дека пред се е голем спортист.

 

 

Се вчитува...