Првиот светски рекет, Рафаел Надал истакна дека се чувствува помалку разочарано од тоа што се случува во неговата земја во однос на референдумот за самостојност и одвојување на Каталонија од Шпанија.
Шпанецот роден на Мајорка, вели дека не може да ја замисли Шпанија без Каталонија.
„Не сакам тоа да го видам, но тоа е нешто што се случува. Сакам двете страни сериозно да расправаат за овој проблем и да го најдат најдоброто решение. Верувам дека вака размислуваат повеќето луѓе во Шпанија, не ни се потребни судири и проблеми бидејќи заедно сме подобри и посилни“ – изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА