Рафаел Надал без поголеми проблеми стигна до нова победа на Вимблдон, триумфирајќи над Русинот Качанов со 3-0 во сетови за пласман во осминафиналето од овој гранслем турнир. Шпанецот целосно го контролираше мечот, имаше 41 винер удари и само 19 неизнудени грешки, заслужено триумфирајќи со 6-1, 6-4, 7-6. Воедно, Надал ја продолжи серијата од освоени сетови на гранслем турнирите што моментно изнесува 28 сета, трета најдолга во историјата на тенисот, зад Роџер Федерер (36 сета во низа во 2006 и 2007 година) и Џон Мекинро со 35 освоени сетови во серија во 1984 година.
Негов следен противник ќе биде 16. носител Жил Милер, кој денеска славеше над Бедене со 3-0 во сетови.
Марин Чилиќ рутински стигна до осминафиналето откако со максимални 3-0 го совлада Американецот Џонсон, па сега хрватскиот тенисер ќе се бори за место во четвртфиналето со Баутиста Агут, кој беше подобар од Нишикори со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА