Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одржа емотивен говор по пензионирањето.
„Бикот од Мајорка“ го одигра последниот натпревар против Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот, каде Шпанија беше елиминира со 2-1. Рафа по завршувањето на кариерата истакна дека сака да биде запаметен како добар човек.
„Титулите, бројките се таму, луѓето го знаат тоа, но јас би сакал да бидам запаметен како добар човек од мал град во Мајорка кој имал среќа да има вујко кој бил тениски тренер кога бил млад и одлично семејство кое ме поддржуваше во секое време и многу повеќе отколку што можев да сонувам“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА