Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пропушти три меч топки во четвртфиналето против Џордан Томпсон по што го загуби мечот во три сета.
Поголема загриженост за навивачите на Шпанецот, предизвикува фактот што тој повика медицински тајмаут за време на третиот сет поради болки во колкот, на кој му беше извршена операција минатото лето.
„Болката е на истото место, но чувствувам дека тоа е болка на мускулот од замор. Минатата сезона беше тетивата и чувството беше сосема поинакво. Чувствував поголема болка. Единствениот проблем е што е истото место, па затоа сум позагрижен од вообичаено“, рече Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

