Шпанскиот тенисер Рафаел Надал мораше да вложи многу напор за да се пласира во осминафиналето на гранслем турнирот УС Опен. Тој со 3-1 во сетови го совлада Русинот Карен Качанов, кој му пружи силен отпор. Му одзема еден сет, а Надал мораше да финишира со два тај-брејка, кои успеа да ги добие во своја корист.
Качанов го доби првиот сет со 7-5, а потоа возврати Надал на идентичен начин. Тоа не го скрши отпорот на рускиот тенисер кој играше одлично и во продолжението од мечот. Надал мораше да игра 13.гем во двата наредни сета и на негова среќа успеа да ги заврши на успешен начин.
Во осминафиналниот дуел, Рафаел Надал ќе ги одмери силите со Николос Басилашвили од Грузија кој беше подобар од Аргетинецот Гвидо Пела со 3-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА