Надал се откажа и од Рим, сега веќе „виси“ и Ролан Гарос

Фановите на Рафаел Надал имаат сериозна причина за загриженост откако Шпанецот денеска откажа учество на уште еден турнир, обелоденувајќи дека нема да може да настапи ниту во Рим.

Претходните најави велеа дека по откажувањата на Монте Карло, Барселона и Мадрид, Надал ќе отпатува во италијанската престолнина за да влезе во ритам за претстојното издание на Ролан Гарос, но денеска стигна официјална потврда дека паузата на големиот ас од терените ќе продолжи.

„Многу ми е жал што нема да можам да играм во Рим. Сите треба да знаете колку ме боли што ќе пропуштам уште еден турнир во кој традиционално низ кариерата минав толку прекрасни моменти“, објави Надал.

Останува да се види дали Шпанецот ќе биде подготвен за настап на претстојното издание на Ролан Гарос (стартот е закажан за 25 мај), турнир на кој Надал има освоено 14 гранслем трофеи во кариерата.

Се вчитува...