Надал се откажа од Акапулко, американската турнеја неизвесна

Рафаел Надал во последен момент одлучи да го откаже настапот на АТП турнирот во Акапулко, а според најавите во шпанските медиуми, под знак прашање е и настапот на американската турнеја, односно на мастерс-турнирите во Индијан Велс и во Мајами кои се на програмата во март.

Шпанскиот тенисер беше поставен за прв носител на турнирот во Мексико, но повредата на коленото го принуди да се повлече. Поранешниот светски рекет број еден веќе подолго време има проблеми со коленото, поради што пропушти и голем дел од сезоната во 2016 година.

На последните пет турнири, Надал или го откажуваше учеството или мораше да се повлече во текот на турнирите во Париз, Лондон, Бризбејн, Австралија Опен и последно во Акапулко.

Се вчитува...