Рафаел Надал не крие дека едвај чека да се врати на тениските турнири, но во меѓувреме шпанската мегаѕвезда реши да се поднови со луксузна јахта, за која плати шест милиони евра.
Тенискиот ас ја нарачал јахтата од Гдањск, а таа веќе е пристигната на брегот на Мајорка, каде Надал со своето семејство и пријателите темелно ја чистеа пред да тргнат во првата заедничка авантура. На неа има простор за сместување за 12 лица, покрај неколкуте спални соби има и џакузи, огромна дневна соба со џиновски ТВ, скара, гардероби, па дури и гаража за скутери.
„Јас сум човек роден на остров. Морето е дел од мојот живот, секогаш уживам кога ќе дојдам дома во Мајорка. Често одев на крстарења со различни бродови во минатото, сега имам своја јахта за такво нешто“, изјави Надал за шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА