Надал се повлече и од УС Опен

Рафаел Надал објави дека нема да настапи на претстојното издание на УС Опен, откако проблемите со повредите на шпанскиот ас ставаат се поголеми сомнежи уште колку тој ќе може професионално да игра тенис.

За Надал ова е трет пропуштен гранслем од вкупно четирите во 2024 година, откако не се прослави ниту на ОИ во Париз, губејќи убедливо од Новак Ѓоковиќ во сингл, но и останувајќи без медал во шпанскиот дубл заедно со Крлос Алкараз.

„Ќе ми недостигаат оние специјални ноќни мечеви на Артур Еш стадионот, но не сум способен да дадам 100% од себе овојпат и затоа нема да учествувам на УС Опен годинава“, објави Надал.

Тој не даде конкретни планови околу евентуалното пензионирање, најавувајќи само дека следен предизвик ќе му биде настап на Лејвер купот во Берлин закажан од 20 до 22 септември.

Се вчитува...