Надал се повреди, нема да го доигра „Лејвер купот“

Рафаел Надал нема да може да го доврши настапот за селекцијата на Европа на „Лејвер купот“ во Женева откако денеска беше обелоденето дека Шпанецот заработил повреда на зглобот. Се шпекулира дека повредата не е премногу сериозна, но Надал не сака да ризикува да дојде до компликации, па решил целосно да мирува во следните неколку дена.

„Прекрасно беше да се игра на „Лејвер куп“ и многу сум разочаран што морам да одморам во следниот период. Тоа е препорака на лекарите поради воспаление во пределот на зглобот. Ќе навивам за моите соиграчи за Европа да победи на ова натпреварување“ – изјави Надал.

Местото на Шпанецот во дубл со Роџер Федерр сега ќе му припадне на Циципас, додека на сингл-мечот против Ник Кирјос боите на Европа ќе ги брани Доминик Тим.

Се вчитува...