Рафаел Надал под силни емоции го одигра натпреварот за Шпанија во Дејвис Купот, на мечот во Малага на кој доби шанса од капитенот Ферер прв да излезе на теренот.
Целокупниот амбиент, ако се знае дека ова е можеби и последниот меч за Надал во кариерата бидејќи најави повлекување по турнирот во Малага, донесе силни емоции кај Рафа кој не можеше да се воздржи при интонирањето на химната пред стартот на мечот.
А, потоа не можеше да му парира на Холанѓанецот Ван де Зансхулп кој лесно го победи миленикот на домашната публика, во два сета со 6-4 и 6-4, па со тоа малку го расипа славеничкото расположение во Малага.
La congoja de Nadal escuchando el himno español antes del que puede ser el último partido de su carrera 😪
A ver quién aguanta una lágrima 😢pic.twitter.com/HNofsvx0CY
— David Orenes (@david_lrl) November 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА