Надал се враќа на официјалните мечеви во Париз

Вториот светски рангиран рекет Рафаел Надал најверојатно ќе игра на турнирот од серијата Мастерс во Париз, кој започнува следната недела. Ваквата информација ја пренесува Анхел Луис Которо, првиот член на медицинскиот штаб во шпанската тениска федерација, кој со години работи со сопственикот на 22 Грен слем титули.

Надал неодамна стана татко, а во главниот град на Франција треба да го одигра првиот официјален натпревар по Лејвер купот кога беше во пар со Роџер Федерер.

„Рафа е добро. Тренира нормално и сигурен сум дека до крајот на сезоната ќе игра на закажаните турнири“, изјави Которо.

Которо даде свој одговор и на прашањето што е тоа што го одржува Надал на врвно ниво и на 36 години.

„Тајната на неговиот успех е напорната работа, посветеноста и желбата да се подобрува секој ден. Надал е еден од најважните играчи во историјата на овој спорт и сите сме среќни што тој се уште е на теренот“, потенцираше Рафа.

Надал по Париз се очекува да игра на завршниот Мастерс во Торино. Шпанецот годинава ги освои Австралија опен и Ролан Гарос.

Се вчитува...