Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека добро се опоравува од повредата и најави враќање на терен на турнирот во Акапулко на крајот од овој месец.
Првиот светски рекет има повреда на мускулот на левата нога, поради која минатиот месец мораше да го предаде мечот од четвртфиналето на Австралија Опен против Марин Чилиќ.
„Како и со секоја повреда, работам на исполнување на роковите опоравувањето добро се одвива и ќе се обидам да го скратам тој период на отсуство. Планирам да отпатувам во Мексико и да играм во Акапулко. Сакам да играм, среќен сум на терен. Многупати досега преживеав и тешки, но исто така имаше и одлични моменти. Знам дека сум во добри раце и верувам дека се ќе биде во ред со повредата“ – изјави Рафаел Надал.
Турнирот во Акапулко стартува на 26 феваруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА