Надал: Секој пат е се потешко…

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал се врати на тениските терени со голем стил во првото коло на АТП турнирот од серијата 500 кој се игра во Барселона.

Откако Шпанецот својот последен меч го одигра уште во Бризбејн во јануари месец на терените конечно се врати со триумф со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-3 против Италијанецот, Флавио Цоболи.

По мечот популарниот Рафа изјави дека секој пат е се потешко кога се враќа од повреда.

„Се обидов многу пати во мојата кариера. Секој пат е се потешко. Особено кога си постар, тоа ги отежнува работите. Поминувам низ тешки времиња. Во исто време, кога можам да бидам на турнејата за неколку дена и да тренирам со момците, а потоа и да се натпреварувам е нешто посебно“, рече Надал.

Се вчитува...