Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето од турнирот во Мајами, откако славеше против Филип Колшрајбер во три сета, со 0-6,6-2,6-3.
Германецот доминираше во првиот сет, но потоа Надал стигна заслужено до победа во својот 1.000 меч во кариерата на АТП турнирите.
Во осминафиналето ќе се сретне со Французинот Николас Махут кој беше подобар од Пела со 6-4,6-3. Пласман во осминафиналето обезбедија и Доналд Јанг, како и Фабио Фоњини кој во три сета, со 3-6,6-4,6-4 беше подобар од Џереми Шарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА