Надал со критики за Алкараз: Рафа тоа никогаш не би го направил!

Шпанскиот тениски тренер Тони Надал го критикуваше Карлос Алкараз по Отвореното првенство на Австралија.

По титулата во Мелбурн, Алкараз му се заблагодари на тренерот Самуел Лопез, a не го ни спомна Хуан Карлос Ферер.

Ферер и Алкараз ја завршија својата повеќегодишна соработка пред новата сезона.

„Убаво е да го фалите вашиот сегашен тренер, но мора да се сетите и на другиот“, рече Надал и додаде:

„Не знам како заврши неговата врска со Ферер, но ми е жал што го кажувам тоа. Сигурен сум дека Самуел Лопез заврши одлична работа во овие два месеци, но не може да ја заборави работата на Ферер низ годините.“

На Тони не би му се допаднало ако Рафаел Надал го стори истото кога го замени својот чичко со Карлос Моја.

„Не би ми се допаднало ако Рафа го кажеше истото само за Карлос Моја кога јас си заминував“, рече Надал.

Се вчитува...