Надал со крвав нос до третото коло на УС Опен (ВИДЕО)

Рафаел Надал го продолжува својот поход кон 23-та Грандслем титула во кариерата.

Шпанскиот тенисер не брилјираше во второто коло на УС Опен но одигра доволно за победа против Италијанецот Фабио Фоњини со 2-6, 6-4, 6-2 и 6-1 и после 163 минути да се пласира во третата рунда натпревари.

На тој начин Надал му се реваншираше на италијанскиот тенисер за поразот во третото коло на истиот турнир во 2015 година.

Интересен момент се случи во четвртиот сет кога на необичен начин рекетот отскокна од подлогата, го удри Надал и успеа да му го раскрвари носот. Следеше медицинска пауза, но Шпанецот не дозволи тоа да го измести од ритам и убедливо со 6-1 го доби последниот сет за конечен триумф.

Во следното коло Надал ќе игра со Ришар Гаске кој во четири сета го победи Миомир Кецмановиќ, со 6-2, 6-4, 4-6 и 6-4.

Се вчитува...