Првиот носител Рафаел Надал имаше одличен ждреб за Австралија Опен, откако шпанскиот тенисер се најде на спротивната страна од „костурот“ од своите најголеми ривали, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Шпанецот во првото коло ќе се сретне со Виктор Естрела Бургос од Доминиканската Република, а во втората рунда го очекува потенцијална пресметка со Николас Џари или Леонардо Мајер, додека во третото коло во најлош случај би налетал на ЖДамир Џумхур од БиХ.
Бранителот на трофејот Роџер Федерер ќе се сретне со Алјаз Бедене, кој повторно ќе игра под знаме на Словенија откако во претходните три години настапуваше како тенисер од Велика Британија.
Најтежок пат очекувано има Новак Ѓоковиќ, најпрвин ќе се сретне со Доналд Јанг, а веќе во второто коло го очекува Гаел Монфилс. Србинот потоа би го очекувал дуел со еден од браќата Зверев, Алекс или Миша, a во полуфиналето би можело да дојде до потенцијална пресметка Ѓоковиќ – Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА