АО: Надал со „метла“ до четвртфинале

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен со победа против Фабио Фогнини со 3-0 (6-3, 6-4 и 6-2) во меч кој траеше два часа и 18 минути. Шпанскиот тенисер во борбата за полуфинале ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Стефанос Циципас и Метео Беретини.

Без многу потешкотии во четвртфиналето се пласираше и Данил Медведев, кој славеше со 3-0 (6-4, 6-2 и 6-3) над Мекензи Мекдоналд. Медведев во четвртфиналето ќе се сретне против својот сонародник Андриј Рублев кој го доби мечот против Каспер Руд со 2-0 (6-2 и 7-6). Норвежанинот поради повреда мораше да го предаде последниот сет.

Се вчитува...