Бројни откажувања за Монте Карло: Надал, Алкараз, Оже – Алиасим

Рафаел Надал ги разочара своите фанови обелоденувајќи дека рехабилитацијата од повредата тече бавно, па шпанскиот тенисер нема да може да настапи на претстојниот Мастерс-турнир во Монте Карло.

Станува збор за еден од омилените турнири на Надал, кој има 11 трофеи во сингл во „малото кнежевство“, но Шпанецот не успеа да ја добие трката со времето.

„Се уште не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво. Со тешко срце, морам да објавам дека нема да бидам во можност да се натпреварувам на еден од најважните турнири во мојата кариера, Монте Карло. Продолжувам со рехабилитацијата, се надевам дека ќе се вратам наскоро“, објави Надал преку своите профили на социјалните мрежи.

Проблемите за организаторите се зголемија откако половина час по Надал откажувањето од Монте Карло го објави и вториот светски рекет, Карлос Алкараз. Шпанецот се пожали на болка во левата рака, напоменувајќи дека повредата не е сериозна, но сепак мора да одмори пред наредните турнири на земјена подлога.

Серијата откажувања ја продолжи и Феликс Оже – Алиасим, кој откри дека повредата на левото колено не му дозволува да настапи во Монте Карло…

Се вчитува...