Рафаел Надал со пораз ја стартуваше новата 2023 година откако шпанскиот тенисер загуби со 1-2 од Де Минаур на мечот одигран како дел од „Јунајтед купот“ што се одржува во Сиднеј. Два дена откако го загуби и последниот меч од 2022 година од Нори, шпанскиот великан не успеа да најде начин триумфално да ја почне новата година.
Првиот сет мина во знакот на Надал, кој одигра импресивно и заслужено славеше до 6-3. Почетокот на вториот сет донесе и целосен пресврт, откако Де Минаур целосно ја презеде контролата над играта, славејќи со убедливи 1-6.
Третиот сет мина во израмнета игра, откако двајцата тенисери направија по еден брејк кон средината на сетот, но Надал загуби сила во самата завршница. Де Минаур најпрвин освои гејм без загубен поен на сервис на Надал за брејк и водство од 5-6, за потоа истото да го стори и на свој сервис, за конечна победа од 1-2 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

