Рафаел Надал делува недопирливо кога станува збор за настапите на земјена подлога, а моќта на Шпанецот на своја кожа денеска ја почувствува и неговиот сонародник Роберто Сарбалјес, кој загуби со 6-4, 6-4 во рамките од второто коло од турнирот во Барселона.
Овој успех беше доволен за Надал да испише нови страници во својата книга на рекорди, овојпат за најмногу освоени сетови во низа на земјена подлога. Со двата сета против Сарбалјес тој стигна до фантастични 38 сета во низа во кои Надал ги „мачкаше“ своите противници, кои притоа не стигнаа ниту до тајбрејк, максимум освојувајќи четири гејма. Надал на тој начин го урна рекордот на Илија Настасе, кој во 1973 година освои 36 сета во низа на земјена подлога.
Последниот пораз на земја Надал го претрпе во четвртфиналето од ланскиот турнир во Рим, каде подобар од него беше Доминик Тием.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА