Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека во фокусот му е последниот негов настап за Шпанија, на Дејвис купот во Малага.
Надал најави дека ќе се збогува на тоа натпреварување, но дека во прв план треба да биде настапот на Шпанија на турнирот, а не неговото повлекување од тенисот.
„Минатата година реков дека ова веројатно ќе биде мојата последна година и на крајот така излезе. Дејвис купот ќе биде многу возбудлив, без сомнение, тоа ќе биде мојот последен турнир и згора на тоа, ја претставувам мојата земја. Да појаснам, ќе бидам во тимот бидејќи така мисли капитенот Давид Ферер. Ќе се обидам да се подготвам на најдобар можен начин. Не е важно моето повлекување, туку успех на Шпанија на турнирот“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА