Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот Австралија Опен, откако го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ со 3-0 во сетови во четвртфиналната пресметка. Во дуелот за пласман во големото финале во Мелбурн, тој ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров. Во другиот полуфинален дуел силите ќе ги одмерат Швајцарците Роџер Федерер и Станислас Вавринка.
Надал го освои првиот сет со 6-4 во гемови, а во вториот се играше неизвесен тај-брејк, во кој на крајот сепак Шпанецот имаше повеќе нерви и концентрација и го доби со 9-7 на поени. По ова беше скршен отпорот на Канаѓанецот, па Надал го освои третиот сет со 6-4 и го комплетираше мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА