Рафаел Надал смета дека тенисот е спорт во кој има најмалку допинг. Според најдоброрангираниот играч, во сите останати спортови можноста да се излаже системот е поголема додека во тенисот контролата е многу голема. Шпанецот тврди дека строгиот режим не дозволува поголеми допинг скандали.
„Во нашиот спорт немало поголеми допинг случаи. Генерално, секако во тенисот има многу помалку допинг скандали во однос на другите спортови. Режимот е строг, мораме да бидеме достапни еден час дневно во текот на целата година, мора да пријавиме каде се наоѓаме“ – вели Надал.
Ако допингот не е сериозен проблем, местењето мечеви е една од посериозните теми во тенисот.
„Можно е тоа да се случува на помалите турнири, но кај нас тоа не е случај. АТП многу добро го контролира тоа“ – тврди шпанскиот тенисер.
Рафаел Надал ја држи првата позиција на АТП листата и на најновиот ранкинг. Тој има предност од повеќе од 200 бода пред Роџер Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА