Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е во трка со времето за настап на Австралија Опен.
37-годишниот Надал е надвор од терените токму од Австралија Опен 2023 од почетокот на годината по што го оперираше колкот. Од тогаш е во рехабилитациски период, а сега во активен тренинг-процес во желбата за враќање на терените.
Се наоѓа под притисок на очекувањата на своите навивачи откако директорот на АО, Крег Тили, најави дека Надал ќе игра во Мелбурн во јануари. Но, се уште не е сигурен во тоа…
„Работам напорно и се подготвувам да бидам во јануари дел од Австралија опен. Но, во овој момент не може тоа да го потврдам. Вистина, чувствувам многу помалку болка од претходно, но таа и натаму е тука и не ми дозволува да бидам на максимум. Дури кога ќе одработам неколкудневни тренинзи без ниту најмала болка, дури тогаш ќе може да кажам кога би се вратил на терените“ – вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

