Рафаел Надал го издржа маратонот против Данил Медведев и со победа од 3-2 во сетови стигна до четвртиот трофеј на УС Опен во кариерата. Шпанецот со тоа стигна на само едно гранслем одличје заостанување зад рекордерот Роџер Федерер, но Надал потенцира дека тоа никогаш нема да му биде приоритет.
„Би лажел кога би рекол дека не сакам да имаме повеќе гранслем трофеи од Федерер, но тоа не ми е ниту приоритет, уште помалку опсесија. Јас не тренирам, не играм тенис поради тоа. Играм тенис затоа што го сакам овој спорт, за мене тоа е многу повеќе од рекордот на Федерер. Кога играм тенис се чувствувам среќно, а кога победувам – тогаш сум пресреќен“ – истакна Надал.
Шпанецот со овој триумф ја спушти разликата во однос на Ѓоковиќ на околу 600 АТП-бодови, а со оглед на фактот дека Надал лани не играше на ниту еден турнир по УС Опен, јасно е дека е само прашање на време кога тој ќе го мине Србинот и ќе се искачи на првото место на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА