Надал: За тенис мора да бидеш брз и млад, јас во моментов тоа не сум

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал елиминиран е од УС Опен. Ноќеска Надал загуби од Френсис Тијафо, и така пропушти шанса да дојде до својот 23. грен слем во кариерата.

После тоа Шпанецот даде изјава дека времето било премногу влажно, и дека повеќе не е доволно брз и млад како порано.

„Одиграв лошо, а противникот беше многу добар. Не успеав да се задржам на високо ниво. Не бев доволно брз, а тој порано ги удираше топките, и не можев да се оддалечам од линијата. Тенисот е спорт на чести позиционирања, ако не, мораш да бидеш брз и млад. Јас во моментов тоа не сум. При последното одење во соблекувалната не беше медицински тајм-аут. Морав да ги бандажирам рацете поради влажноста. Беше многу влажно“, рече Надал. 

Исто така зборуваше и за повредите.

„Можеме да мислиме доколку не се повредев, ќе го освоев Вимблдон, но и некои турнири во минатото. Или можеби би загубил некои трофеи поради тоа што не можам да пронајдам внатрешна сила после тие повреде. Се е тоа дел од мојата кариера. Многу пати испадна како треба, некогаш неочекувјано како во Австралија и на Ролан Гарос. Не барам изговори, туку сум самокритичен“, изјави Надал кој додаде дека ќе се врати на тенисот тогаш кога ќе се чувствува подготвен. 

Се вчитува...