Надал закажа пресметка со Киргиос

Рафаел Надал ја оправда фаворитската улога против квалификантот Јуичи Сугита славејќи со 3-0 во сетови, закажувајќи си пресметка во втората рунда со „лошото момче“ Ник Киргиос. Надал почна бавно, набрзина се најде во негатива од 0-2, а потоа спаси и неколку брејк топки за да не дојде до 0-3. И тоа беше се што Јапонецот успеа да стори бидејќи шпанскиот великан набрзина направи пресврт, го доби првиот сет со 6-3, а потоа и следните два со 6-2, 6-3 за рутински пласман во следната рунда.

Литванецот Беранкис приреди изненадување елиминирајќи го Шаповалов со 3-0 во сетови, а својот настап експресно го заврши и Томаш Бердих, кој загуби со 3-0 од Американецот Фриц.

Петра Квитова се пласираше во следната рунда со победата од 2-0 над Жабер од Тунис, а рутински триумф забележа и Серена Вилијамс, над Гато-Монтиконе од Италија со 6-2, 7-5.

Се вчитува...