Среда е последниот рок за одговор на жалбите што ги упатија македонските фудбалски прволигаши во процесот на лиценцирање за добивање можност настап на европска сцена. Најспорна е лиценцата за првопласираниот тим Вардар во прекината сезона, најтрофејниот клуб го очекува одговорот од жалбата, но исто така и одлуката на ОУ на ФФМ дали дефинитивно ќе биде прогласен за шампион.
Од добивањето на лиценците за учество, како што претходно објави Фудбалската федерација на Македонија, ќе зависи и одлуката кои клубови ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за ЛШ и квалификациите за ЛЕ следната сезона.
Силекс од денеска стартува со летни подготовки, најрано од сите прволигаши и се надева дека ќе се натпреварува во квалификациите за ЛШ, доколку Вардар не ги исполни критериумите за лиценца, што би било вторпат во последните две години.
Фудбалската федерација на Македонија има обврска до 30 јуни да ги пријави во УЕФА клубовите кои следната сезона ќе земат учество во европските купови. Според новиот распоред за натпреварување, македонските претставници ќе играат по еден натпревар во елиминациските фази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА