Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил Ван Дајк, се врати во базата на тимот за да ја продолжи рехабилитациската програма. Познато е дека Холанѓанецот лекува сериозна повреда на коленото, со која се здоби на почетокот на сезоната, на 17 октомври 2020 година, на дербито против Евертон. Последните два месеци Ван Дајк ги помина во комплексот „Над ал Шеба“ во Дубаи, каде мина низ различни процеси на рехабилитација.
Сега, закрепнувањето ќе продолжи во Англија под будното око на медицинскиот тим на англискиот првак.
Ван Дајк го одработи својот прв лесен тренинг во новиот тренинг центар „АХА“ во Ливерпул. Со посебна програма во теретана, се чека Виргил да го зацврсти коленото и да го подготвува своето тело за физичкиот напор.
Речиси сигурно е дека тој нема да може да настапи за Ливерпул до крајот на сезонава, но Холанѓаните потајно се надеваат дека најдобриот дефанзивец ќе може да биде дел од оваа репрезентација на ЕВРО 2021.
Virgil van Dijk is back from Dubai and working on his comeback at #LFC’s AXA Training Centre https://t.co/gpLO8k3i0e
— Paul Gorst (@ptgorst) February 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

