Македонската фудбалска репрезентација до 17 години доживеа несреќен пораз од Германија со 1-2 во првиот натпревар од елитната фаза на квалификации за пласман на континенталниот шампионат во оваа старосна граница.
Германците поведоа со 0-1 уште во 3. минута со голот на Мирза. До крајот на првиот дел беше и 0-2 со погодокот на Веит во 25. минута. Македонија успеа да намали на 2-1 преку Мартин Џангаровски во 66. минута.
До крајот нашите надежи немаа сила да стигнат барем до бод против моќниот противник. Во второто коло Македонија во сабота ќе игра против уште една репрезентација од првиот ешалон, Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

