Надежите до 17 години со победа над Кипар го стартуваа турнирот во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години со победа од 2-1 над Кипар го стартуваше пријателскиот турнир кој се игра во Скопје. Стрелци на головите за Македонија беа Стојилевски и Назифи.

Четири дена подоцна ќе одиграме меч против Србија, исто така на терените на т.ц. „Петар Милошевски“ во 11:00 часот.  Србија и Кипар својот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 14. септември од 15:00 часот.

 

Се вчитува...