По убедливиот пораз од 1-5 во средата, фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години и се реваншираше на Словачка, откако денеска на градскиот стадион во Штип славевме со 3-1.
„Црвено-жолтите“ до водство од 1-0 стигнаа во судиското надополнување во првото полувреме. На стартот на вториот дел, односно во 48. минута веќе беше 2-0 за Македонија. Гостите намалија во 55. минута на 2-1, додека конечните 3-1 беа поставени во 77. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА