Машката репрезентација на Македонија до 18 години доживеа пораз од 1-3 против репрезентацијата на Словачка во меч кој се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Откако првиот дуел одигран пред два дена нашите надежи успеаја да ремизираат (1-1), денеска нивните врсници од Словачка беа далеку подобри.
Веќе по 45 минути нашите надежи имаа негатива од 0-3, додека единствениот погодок за Македонија во второто полувреме го постигна Давид Стојановски во 60. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

