Македонската репрезентација до 19 години одигра без голови 0-0 против Фарски острови на почетниот натпревар од квалификацискиот турнир во Холандија за пласман на Европското првенство.
Иако избраниците на селекторот Димитар Капинковски важеа за апсолутни фаворити, не успеаја да ја крунисаат иницијативата и неколкуте изгледни шанси со погодок. Овој „кикс“ доаѓа во незгоден момент, пред клучните предизвици во групата каде се наоѓаат уште и домаќинот Холандија и селекцијата на Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

