Надежите до 19 години подобри од Грција на Балканското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија до 19 години во трилер натпревар славеше над Грција со 3-2 по сетови (16-25, 21-25, 34-32, 25-15, 15-13) ја совлада Грција во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место на БВА Балканскиот шампионат.

Клучен беше третиот сет, кој по голема борба Македонија го доби на разлика, 34-32, а потоа и комплетно се врати во натпреварот, кој го доби во тај-брејк.

Македонија утре ќе се соочи со Црна Гора во натпреварот за 5. место.

Се вчитува...