Надежите до 21 година ремизираа без голови против Косово

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше без голови 0-0 на првиот од двата контролни меча против репрезентацијата на Косово.

На првиот меч кој се одигра на арената „Фадиљ Вокри“ во Приштина двете репрезентации одиграа еден тврд натпревар во кој мируваа мрежите.

Новиот селектор на надежите до 21 година, Горан Станиќ имаше шанса да се запознае со фудбалерите на кои ќе смета во евроквалификациите.

Вториот контролен меч меѓу овие две земји ќе се одигра во Скопје во сабота со почеток во 15 часот.

Се вчитува...