Надежите до прва победа во квалификациите: Ерменците со пресврт совладани во Битола (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година дојде до првата победа во квалификациите за ЕП, славејќи по пресврт со 2-1 против Ерменија на дуелот кој се одигра во Битола.

Maкедонија уште во втората минута од мечот се закани преку Трајков, но гостите успеаја да се одбранат. Во следниот период и двете селекции успорија, па до десетата минута немаше нови шанси на стадионот во Битола.

Нашите надежи за нова шанса чекаа до 26. минута кога повторно Трајков од непосредна близина успеа да го промаши невозможното па на семафорот да останат почетните 0-0.

Гостите нашите промашувања ги казнија во 38. минута откако Хакобјан прецизно стрелаше за 0-1.

Во второто полувреме силен атак на избраниците на Горан Станиќ кон противничкиот гол, и веднаш резултираше со брз погодок.

Веќе во 54. минута со голот на Трајков, а на асистенција на Хамза, Македонија израмни на 1-1.

Македонскиот херој во денешната победа, Трајков реализираше и во 83.минута, и тоа од половина терен по огромниот кикс на ерменскиот голман, за конечен триумф и прва радост на надежите во квалификацискиот циклус.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...