Младата репрезентација на Македонија денеска во Анталија ги стартува натпреварите на меѓународниот турнир на кој партиципираат уште селекциите на Бугарија, Казахстан, Словачка и Украина.
Избраниците на Благоја Милевски денеска од 15 часот на првиот натпревар на турнирот ќе се соочат со репрезентацијата на Казахстан. Како што претходно изјави Милевски, овој турнир е повеќе од добредојден за првично запознавање на новата генерација, но и прв увид во потенцијалот за новиот квалификациски циклус.
„Овој собир е повеќе од добредојден за меѓусебно запознавање на оваа нова генерација и карактерно и на фудбалски план. Пред нас се три квалитетни дуели кои треба да дадат слика за новите потенцијали. Натпреварите се и еден вид филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за Европското првенство“ – истакна претходно селекторот Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА