Надежите и низ моменти на релаксација, во очекување на мечот со Словачка (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија денеска од 15 часот го игра вториот натпревар на меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021“.

Натпреварите на турнирот во Анталија се повеќе од добредојдени за првичен приказ на потенцијалите на новата генерација фудбалери која од септември ја очекува квалификацискиот циклус за ЕП 2022. Избраниците на Благоја Милевски, сепак, и со повеќе од доволно моменти и за релаксација и меѓусебно запознавање, како начин за создавање на колективот пред квалификациите.

„Овие натпревари се и токму тоа, запознавање на играчите меѓу себе, и лично карактерно и на фудбалски план. Основното е секако преку трите квалитетни натпревари да добиеме реална слика за секој индивидуален потенцијал. Па, токму поради тоа, како што нагласивме и претходно, подеднаква шанса ќе добијат буквално сите фудбалери кои се во Анталија“ – вели селекторот Милевски.

За денешниот натпревар против Словачка во комбинација ќе бидат и Филип Антовски и Агон Елези, кои поради замор беа поштедени на првиот натпревар со Казахстан (1-2). Поради повреди Марко Ѓоргиевски и Лука Станковски нема да бидат во комбинација и против Словаците.

 

Се вчитува...